Фабрика Карпош – ГИМ немаше сили за пресврт во дуелот со Макпетрол

Макпетрол 5-3(4-0) Фабрика Карпош – ГИМ

Макпетрол: Бенер Бекиовски 9’ Марко Костенцовски 2’ 19’ Никола Секуловски 5’ 40’
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 23’ Кристијан Панев 21’ 31’

Екипата на Макпетрол одлично го запона дуелот против екипата на Фабрика Карпош – ГИМ со погодокот на Костенцовски успеа да го отвори резултатот уште во 2та минута. Ова им даде дополнителен мотив па во раната фаза на натпреварот успеа со погодоците на Секуловски и Бекиовски да дојде до предност од 3-0 до деветата минута од полувремето. По ова водство на Макпетрол екипата на Фабрика Карпош – ГИМ притисна во предно поле и константно се закануваше кон противничкиот гол но Макпетрол до полувремето ја контролираше играта на теренот па на паузата замина со предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ настапи со голман играч ова им даде вишок во нападот што го искористија за да ја стопат предноста на Макпетрол и во 31та минута да дојдат до само гол негатива. Ова и даде дополнителен мотив на Фабрика Карпош – ГИМ да атакува на израмнување и да ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Макпетрол успеа да ги консолидира своте редови да ја одбие екипата на Фабрика Карпош – ГИМ и да реализира во последната минута за да ја осигура победата со резултат од 5-3.