Фабрика Карпош – ГИМ со пресврт до победа над Спорт Лајф

Фабрика Карпош – ГИМ 11-5(2-3) Спорт Лајф

Фабрика Карпош – ГИМ: Бојан Голабовски 28’ 31’ Георги Божиков 13’ Кристијан Панев 33’ 37’ 40’ Игор Николовски 15’ 35’ 39’ 40’ Љупчо Петрушевски 22’
Спорт Лајф: Стефан Пасковски 9’ Ерсан Ајвазовски 1’ Ќами Ибраими 20’ Амди Бангов 23’ 24’

Одличен почеток за екипата на Спорт Лајф во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ, тие на самиот старт на полувремето уште во првата минута успеаа да реализираат и да поведат со 0-1. Ова рано водство им беше како ветар во грб за да продолжат со одличната игра и во 9та минута преку евро-гол на Пасковски да го зголемат водството на 0-2. По ова водство на Спорт Лајф екипата на Фабрика Карпош – ГИМ ги консолидира своите редови и со два погодоци на Николовски и Божиков да дојдат до израмнување на 2-2. Сепак во самиот финиш од полувремето екипата на Спорт Лајф успеа да реализира за водство од 2-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Спорт Лајф продолжи со одлична игра и успеа да го зголми водството на 3-5. Сепак екипата на Фабрика Карпош – ГИМ како одминуваа минутите го подигаше темпото на игра и со прецизни напади ја стопи разликата на Спорт Лајф и дојде до целосен резултатски пресврт. Во финишот на натпреварот кај екипата на Спорт Лајф падна концентрацијата што Фабрика Карпош го изкористи за зголемување на водството и победа во овој дуел со 11-5.