Фабрика Карпош – ГИМ со пресврт до победа над Аџибадем Систина

Фабрика Карпош – ГИМ 7-3(1-2) Аџибадем Систина

Фабрика Карпош – ГИМ:Александар Божиков 24’ Бојан Голабоски 40’ Георги Божиков 28’ 40’ Кристијан Панев 30’ Игор Николовски 5’ Кире Крстевски 33’
Аџибадем Систина: Даниел Боневски 17’ Диме Стевковски 4’ 26’

Одличен почеток на натпреварот помеѓу екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Аџибадем Систина, двете екипи во овој натпревар влегоа мотивирани и со офанзивна игра константно се закануваа кон противничките голови. Екипата на Аџибадем Систина го отвори резултатот во 4та минута од полувремето со погодокот на Стевковски, но веќе во следниот напад екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа со погодокот на Николовски да го израмни резултатот на 1-1. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ не успеа да искористи играч повеќе по груб старт на голманот на Систина, па следуваше казна на спротивната страна кога Систина поведе со 1-2 со погодокот на Боневски предност која успеа да ја сочува до полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да го израмни резултатот и да ја врати резултатската неизвесност во натпреварот. Екипата на Аџибадем Систина се обидуваше со офанзивна игра да дојде до преност но во таквата игра заборави на одбраната што Фабрика Карпош – ГИМ го искористи за победа на овој натпревар со солидна предност од 7-3.