Фабрика Карпош со долгата клупа и расположениот Панев до сигурна победа над Пивара Скопје

Пивара Скопје 5-12(3-4) Фабрика Карпош – ГИМ

Пивара Скопје: Делчо Кировски 4’ 21’ Боби Ристов 3’ Марко Магденовски 10’ 21’
Фабрика Карпош – ГИМ: Марјан Казаковски 33’ Филип Илиевски 16’ Кристијан Панев 2’ 15’ 18’ 23’ 24’ 25’ 26’ 27’ 28’ 30’

Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со Пивара Скопје, тие го отворија резултатот уште во 2та минута од натпреварот и најавија натпревар полн со голови. Екипата на Пивара Скопје веднаш возврати и до 4та минута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт. Сепак до крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ ги искористи сите шанси за погодок и на паузата замина со предност од 3-4. Во второто полувреме кратката клупа на Пивара Скпоје дојде до израз кога Фабрика Карпош – ГИМ го подигна темпото на игра и од минута во минута доаѓаше до зголемување на водството преку денес расположениот Кристијан Панев кој до крајот на натпреварот постигна 10 погодоци. Екипата на Пивара Скопје иако имаше неколку одлични погодоци немаше сили да ја стигне резултатската негатива во овој натпревар кој го загуби со 5-12