Халк Банка и ЕЛЕМ во цврст натпревар ги поделија бодовите

Халк Банка (3-2) ЕЛЕМ

Халк Банка: Игор Стојановски 1’ Самир Вели 20’ Дејан Петковски 14’
ЕЛЕМ: Александар Аврамовски 6’ Џемил Исмаили 7’ Тихо Груевски 38′

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Халк Банка и ЕЛЕМ, двете екипи во овој дуел влегоа максимално мотивирани за победа. Екипата на Халк Банка уште во првата минута од натпреварот го отвори резултатот со брзиот погодок на Стојановски, по ова рано водство на Халк Банка екипата на ЕЛЕМ го подигна темпото на игра настапи офанзивно и до 7та минута од полувремето успеа да дојде до целосен резултатски пресврт. Екипата на Халк Банка ја смири играта и со добро организирани напади успеа да дојде до израмнување на 2-2 а во самиот финиш од полувремето дојде до повторно водство од 3-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме двете екипи продолжија со цврстата игра, екипата на ЕЛЕМ се обидуваше да ја нулира предноста на Халк Банка но цврстата одбрана и одличниот голман на Халк не го дозволуваа тоа. Како се ближеше завршницата на овој натпревар така се подигнуваше темпото на игра кое беше на раб на фаул. Екипата на ЕЛЕМ во самата завршница од натпреварот успеа да дојде до израмнување што го направи финишот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа да реализира па ги поделија бодовите со резултат од 3-3.