Халк Банка со одлично прво полувреме до победа над А1

А1 8-3(6-1) Халк Банка

А1: Мартин Ангеловски 38’ Анџело Лазаревски 34’ Бојан Волчевски 5’
Халк Банка: Мартин Дамевски 17’ Ерсин Тахир 16’ Влатко Блажевски 20’ Дејан Петковски 3’ 6’ 8’ 25’ 31’

Во вториот натпревар силите ги одмерија екипите на А1 и Халк Банка, натпреварот го отвори Халк Банка во 3та минута од полувремето. Екипата на А1 само две минути подоцна успеа да израмни на 1-1. Сепак кај екипата на Халк Банка денес блесна маестралниот Петковски кој со три погодоци во низа на својата екипа и донесе предност од 1-3. До крајот на полувремето ова и даде дополнителна моттивација на екипата на Халк Банка за да продолжи со одлична игра и на паузата да замине со предност од 6-1. Во второто полувреме се поочигледна беше кратката клупа на А1 кои во овој натпревар беа без ниту еден резервен играч, ваквата кратка клупа на А1 ја искористи екипата на Халк Банка за со подигнување на темпото на игра да дојде до предност која беше недостижна. До крајот на полувремето иако екипата на А1 имаше неколку одлични обиди и удари кон голот на Халк Банка, сепак Халк Банка ја имаше контролата врз натпреварот и со големата предност од првото полувреме не дозволи никакво изненадување. На крајот од овој натпревар Халк Банка славеше со високи 8-3.