Халк Банка со тимска игра до сигурна победа над Сава Осигурување

Сава Осигурување 2-10(1-2) Халк Банка

Сава Осигурување: Решат Рахмани 19’ 40’
Халк Банка: Дарко Крстевски 13’ Мартин Дамески 24’ 37’ Алпер Тахир 34’ 35’ 40’ Самир Вели 33’ Дејан Петковски 20’ 39’ 40’

Седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Сава Осигурување и Халк Банка. Екипите во овој натпревар влегоа претпазливи со фокус ставен на играта во одбраната, а својата шанса за погодок ја бараа преку брзи контра напади. Екипата на Халк Банка во средината на полувремето успеа да го отвори резултатот преку погодокот на Крстевски во 12та минута. Ова ја натера Сава Осигурвање која натпреварот го започна со Глигуровски како голман играч уште повеќе да ја отвори својата игра и да створи вишок во нападот како би дошла до изедначување. Екипата на Сава Осигурвање успеа во финишот на полувремето да дојде до израмнување на 1-1, но Халк Банка пред звукот на сирената успеа да го врати водството и да замине на паузата со предност од 1-2. Во второто полувреме екипата на Халк Банка го подигна темпото на игра и успеа да створи резултатска предност, екипата на Сава Осигурување со својот скратен состав не успеа да парира на денес расположената Халк Банка. Екипата на Халк Банка со тимска игра и брзи контра напди го зголемуваше водството до самиот крај за победа со високи 2-10.