Халк Банка со цврста игра дојде до победа над Интертек

Интертек 4-8(1-4) Халк Банка

Интертек: Игор Гиноски 34’ Стефан Ѓалевски 7’ 31’ Мартин Лазаревски 25’
Халк Банка: Алпер Тахир 4’ 22’ Ерсин Тахир 15’ 17’ Влатко Блажевски 39’ Филип Илиевски 29’ Тигран Кандикјан 12’ 40’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Интертек и Халк Банка, двете екипи во овој дуел влегоа мотивирани за победа. Екипата на Халк Банка го отвори резултатот во 4та минута од полувремето со погодокот на Тахир, на другата страна Интертек одговори веќе во 7та минута за израмнување на 1-1 и враќање на резултатската неизвесност. Кон средината на полувремето голманот на Халк Банка Кандикјан од средината на теренот го изненади противничкиот голман и донесе повторна предност на својата екипа од 1-2. До крајот на полувремето иако екипата на Интертек имаше одлични шанси екипата на Халк Банка успеа да го сочува голот и да реализира неколку погодоци за позитивен резултат од 1-4 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Халк Банка продолжи со одличната игра и успеа да дојде до 4 погодоци предност и водство од 1-5. Екипата на Интертек направи измени во својот состав го подигна темпото на игра и од минута во минута успеваше да ја топи предноста на Халк Банка за во финишот од натпреварот да дојде до само два гола негатива. Ова беше дополнителен мотив за екипата на Интертек да притисне кон голот на Халк Банка, но со ваквата отворена игра заборави на одбраната што Халк Банка го искористи за зголемување на водството и победа во овој дуел со резултат од 4-8.