Халк Банка ја искористи кратката клупа на Џонсон Мети за победа

Халк Банка 5-2(3-1) Џонсон Мети

Халк Банка: Мартин Дамевски 4’ 8’ 30’ Алпер Тахир 32’ Дејан Петковски 9’
Џонсон Мети: Никола Николовски 5’ Стефан Јовановски 36’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Џонсон Мети, двете екипи во овој дуел влегоа со желба за победата. Екипата на Халк Банка го отвори резултатот во 4та минута со одличниот погодок на Дамески, но екипата на Џонсон Мети веќе во следниот напад успеа со погодокот на Николовски да израмни на 1-1. Во продолжението на натпреварот се поочгледна беше одлична кондиција кај екипата на Халк Банка која константно го подигаше темпото на игра и кратката клупа на Џонсон Мети која не можеше да го издржи високиот ритам. Екипата на Халк Банка со одлично изградени акции доаѓаше до отворени шанси за гол што им донесе предност од 3-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Халк Банка продолжи со одлична игра, екипата на Џонсон Мети иако имаше одлични шанси за реализација не успеа да ги искористи истите. Екипата на Халк Банка со чести ротации ја одржуваше свежината во својот состави наметна темпо што Џонсон Мети со својата денес кратка клупа не можеше да го издржи. На крајот од натпреварот екипата на Халк Банка славеше со 5-2.