Цветковски со одлична игра го однесе Лукоил во Ф4

Лукоил 5-3(4-2) Фабрика Карпош – ГИМ

Лукоил: Иван Стојчев 11’ 13’ Лоренцо Николоски 2’ 14’ Гоце Мојсоски 30’
Фабрика Карпош – ГИМ: Игор Николовски 12’ 37’ Тони Котев 19’

Првиот дуел за влез во Финал 4 го одиграа екипите на Лукоил и Фабрика Карпош – ГИМ и двете екипи влегоа со максимално сериозен пристап знаејќи дека во вакви натпревари нема право на грешка. Екипата на Лукоил уште на самиот старт ја наметна својата препознатлива игра играјќи долги напади кои беа осмислени како би се створило вишок во одбраната на Фабрика Карпош. Со ваквата игра Лукоил успеа да поведе преку Николовски на кој му се приклучи Стојчев, но Фабрика Карпош успеа да искорити погрешно додавање во нападот на Лукоил и преку контра напад намалија на 2-1. Но искуството на Лукоил дојде до израз екипата со смирена и стабилна игра преку двоецот Николовски- Стојчев успеа да поведе на 4-1. Во самиот финиш на полувремето Фабрика Карпош – ГИМ преку Котев успеа да намали на 4-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат во висок ритам, екипата на Лукоил остана со играч помалце по груб старт и исклучување и 2 минути, екипата на Фабрика Карпош успеа ова да го претвори во гол и да го намали водството како би фатила резултатски приклучок. Во самиот финиш влеговме во отворен натпревар, Фабрика Карпош имаше шанса да се врати во натпреварот преку пенал, но Лукоил го имаше на голот rасположениот Цветковски кој беше човек на натпреварот и го однесе Лукоил во Ф4 со резултат од 5-3.