Јовановски го водеше Еуро Табак до победа над Аптив

Аптив 1-5(0-1) Еуро Табак

Аптив: Трајковски Иле 38’
Еуро Табак: Сашко Јовановски 14’ 24’ 27’ 30’ Дејан Младеновски 30’

Во првото полувреме екипите на Аптив и Еуро Табак изиграа тоста израмнет натпревар. И на двете страни се играше затворен фудбал без многу простор за отворени шанси за гол. Екипата на Еуро Табак преку Сашко Јовановски успеа да поведе со 0-1 водство со кое замина на паузата. Во второто полувреме кај Еуро Табак Јовановски продолжи со добра игра и со три погодоци во низа успеа да придонесе екипата на Еуро Табак резултатски да се одлепи. Овие 4 гола екипата на Аптив не можеше да ги надомести и фати резултатски приклучок па на крајот го загуби овој натпревар со 1-5.