Јован Димовски – ЗУЗ со 4 гола му донесе победа на С.Ц. Борис Трајковски на Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка 2-8(2-2) С.Ц. Борис Трајковски

Шпаркасе Банка: Александар Бранов 10’ Стојанчо Јосифоски 20’
С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 38’ Јован Димовски – ЗУЗ 20’ 29’ 32’ 36’ Дамјан Сиљановски 24’ Мартин Мојсовски 19’ Саше Димитровски 37’

Натпреварот помеѓу Шпаркасе Банка и Борис Трајковски го отвори екипата на Шпаркасе Банка во 10та минута преку Бранов за водство од 1-0. Водството успеа да го задржи се до крајот на првото полувреме кога наизменично во самиот финиш Шпаркасе и С.Ц. Борис Трајковски успеаа да постигнат 3 гола и на полувремето да заминат со израмнет резултат од 2-2. Во второто полувреме кај екипата на С.Ц. Борис Трајковски проработе Јован ДИмовски – ЗУЗ кој со 4 гола му овозможи на С.Ц. Борис Трајковски резултатски да се одвои и да влезе во мирна завршница во која издвојува победа од 2-8.