ЈП Водовод преку Авдулаи до сигурна победа над ЈП Дрисла

ЈП Водовд 7-4(3-1) ЈП Дрисла

ЈП Водовод: Јакуп Зекири 17’ Беким Авдулаи 18’ 22’ 33’ 34’ 38’ Авни Ајвази 15’
ЈП Дрисла: Бесник Шакири 20’ 40’ Ридван Демири 30’ Бурхан Пајазити 39’

Возбудливо прво полувреме ни прикажаа екипите на ЈП Водовод и ЈП Дрисла, двете екипи го започнаа овој натпревар претпазливо и со акцент на одбраната. Натпреварот го отвори екипата на ЈП Водовод во 15та минута, а само две минути подоцна Зекири со погодок од корнер го зголеми водството на својата екипа на 2-0. Екипата на ЈП Дрисла до крајот на полувремето успеа да реализира но ЈП Водовод имаше повеќе од играта па на полувремето замина со предност со 3-1. Во второто полувреме екипата на ЈП Дрисла започна со поофанзивна игра со цел да ја намали резултатската разлика, но ова го искористи екипата на ЈП Водовод за преку брзи контри и расположениот Авдулаи да дојде до солидна резултатска предност. Во финишот од натпреварот екипата на ЈП Дрисла постигна два погодоци но само да ја намали предноста на ЈП Водовод кои го добиа овој натпревар со 7-4.