ЈП Дрисла со одлична реализација до победа над Матрикс

Матрикс 6-9(4-3) ЈП Дрисла

Матрикс: Ивица Алампиоски 16’ 38’ Давид Ристовски 8’ 32’ Тони Брњарчевски 12’ 13’
ЈП Дрисла: Бесник Шакири 31’ 34’ Расим Исмани 4’ 29’ Ридван Демири 14’ Сајо Суљовиќ 40’ Амет Исмаили 15’ Вихнад Тутиќ 28’ Енес Асани 26’

Екипите на Матрикс и ЈП Дрисла влегоа доста цврсто во овој натпревар со максимално сериозен пристап од самиот почеток. Натпреварот го отвори екипата на ЈП Дрисла во 4та минута од полувремето за водство од 0-1, по што следеше офанзива на Матрикс која преку Ристовски и Брњарчевски со 3 гола во низа успеа да дојде до предност од 3-1. Екипата на ЈП Дрисла успеа со два гола да се врати во натпреварот и да фати резултатски приклучок, но Матрикс преку Алампиоски во 16та минута дојде до водство од 4-3 резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЈП Дрисла со одлична реализација и притисок во предно поле успеа да го сврти резултатот во своја корист. Екипата на Матрикс се обидуваше со смирен и контролиран напад да ја стигне негативата но немаше реализација во завршницата. До крајот на натпреварот екипата на ЈП Дрисла успеа да ја сочува предноста па на крајот славеше со 6-9.