ЈСП го скрши отпорот на А1 и ги однесе бодовите

А1 3-7(0-2) ЈСП

А1: Ненад Богдановиќ 40’ Бојан Волчевски 35’ Александар Тановски 35’
ЈСП: Тихо Фидановски 16’ 28’ Љупчо Павловиќ 22’ Даниел Антовски 19’ 30’ 40’ Филип Колеќески 30′

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на А1 и ЈСП, двете екипи во ова полувреме играа со одлична контрола врз топката и своите шанси ги бараа преку удари од далечина. Како поминуваше времето екипата на ЈСП го подигаше темпото на игра и со се поофанзивна игра се закануваше кон голот на А1 но денес одличниот Јанакиевски одлично ја чуваше својата мрежа. Во финишот од полувремето екипата на ЈСП успеа да го скрши отпорот на А1 и со два гола предност да замине на паузата. Во второто полувреме екипата на А1 со цел да створи вишок во нападот во игра внесе голман играч, но екипата на ЈСП ја искористи оваа отворена игра за зголемување на воството на 6-0. Во финишот од натпреварот екипата на А1 имаше три одлични погодоци но разликата која ја направи ЈСП беше недостижна. Во овој натпревар екипата на ЈСП славеше со резултат од 3-7.