ЈСП искусно до победа над Спорт Лајф

ЈСП 9-2(5-1) Спорт Лајф

ЈСП: Сабит Хусеини 8’ 37’ Тихо Фидановски 14’ 35’ Љупчо Павловиќ 19’ 20’ Даниел Антовски 33’ 39’ Aзем Бучи 17’
Спорт Лајф: Меџмед Ален 10’ Горан Трајков 27’

Екипите на ЈСП и Спорт Лајф го започнаа полувремето во висок ритам на игра, две екипи се закануваа кон противничкиот гол и имаа одлични шанси за погодоци. Екипата на ЈСП го отвори резултатот во 8та минута преку погодокот на Хусеини и дојде до водство од 1-0, екипата на Спорт Лајф по оваа негатива притисна кон голот на ЈСП со цел да дојде до израмнување кое стигна во 10тата минута од полувремето. До крајот на полувремето екипата на ЈСП го подигна нивото на игра и од минута во минута го зголемуваше водството кое на полувремето изнесуваше 5-1. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со одличната игра и со контрола на топката по целиот терен, екипата на Спорт Лајф имаше неколку одлични шанси, но екипата на ЈСП искусно го одигра ова второ полувреме осигура висока победа од 9-2.