ЈСП со тимска игра до победа над Шпаркасе Банка

ЈСП 6-1(2-0) Шпаркасе Банка

ЈСП: Гоце Крстевски 7’ Велко Серафимовски 40’ Љупчо Павловиќ 21’ Филип Димовски 5’30’ Дарко Патров 32’
Шпаркасе Банка: Стефан Стојановски 32’

Тринаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЈСП и Шпаркасе Банка. Двете екипи во овој натпревар влегоа мотивирани со брза игра и фокус ставен на играта во нападот. Екипата на ЈСП го отвори резултатот во 5та минута од полувремето со погодокот на Димовски, ова ја примора екипата на Шпаркасе Банка да настапи со малце поотворен фудбал со цел да дојде до израмнување. Ваквата отворена игра ја искористи екипата на ЈСП за со брзи транзиции да дојде до отворени позиции за гол што и донесе зголемување на предноста од 2-0. Екипата на Шпаркасе Банка се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но иако имаше неколку добри шанси до полувремето имаше слаба реализација, па на паузата замина со негатива од 2-0. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со одлична игра, со чести ротации успеваше да ја одржи свежината во своите редови и да дојде до солидно зголемување на водството. Екипата на Шпаркасе Банка успеа резултатски да се доближи со погодок во 32та минута но предноста која ја имаше ЈСП беше доволна за да си ја осигура победата во овој дуел со резултат од 6-1.