ЈСП ја сочува предноста и славеше на Пивара Скопје

ЈСП 5-3(2-2) Пивара Скопје

ЈСП: Гоце Крстевски 25’ 28’ Сабит Хусеини 1’ Филип Димовски 39’ Дарко Петров 18’
Пивара Скопје: Делчо Кировски 40’ Бобан Ристов 2’ Влатко Трпковски 11’

Одличен почеток имаа екипите на ЈСП и Пивара Скопје, двете екипи во ова полувреме влегоа со отворена игра што им донесе резултат од самиот старт. Екипата на ЈСП во првата минута од полувремето успеа да го отвори резултатот, а Пивара Скопје веќе во следниот напад успеа да израмни на 1-1. По овие воведни минути двете екипи ја зацврстија играта во одбраната, но екипата на Пивара Скопје успеа да изкористи грешка во одбраната на ЈСП и да поведе со 1-2. До крајот на полувремето екипата на ЈСП со притисок кон противничкиот гол успеа да дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме двете екипи започнаа со нешто пожестока игра, имаше борба за секоја топка на раб на фаул. Од тука следуваа и неколку исклучувања кај екипите кои екипата на ЈСП ги искористи за повторно водство 3-2, а кратко потоа успеа и да ја зголеми разликата на 5-2. Во финишот од натпреварот екипата на ЈСП со предноста која ја имаше ги повлече своите играчи и со цврста одбрана успеа да ја сочува предноста и дојде до победата во овој дуел со резултат од 5-3.