Љубомир Стојановски со маестрална игра донесе победа на С.Ц. Борис Трајковски во дуелот со Џонсон Мети

Џонсон Мети 7-9(3-4) С.Ц. Борис Трајковски

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 15’ Христијан Стојановски 40’ Сашо Петрушевски 21’ Младен Спасовски 24’ Бране Стојановски 2’ Антонио Анчевски 7’ 23’
С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 5’ 14’ 17’ 23’ 24’ 29’ Влахо Костов 25’ Јован Димовски 38’ Владимир Мојсовски 19’

Цврсто прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и С.Ц. Борис Трајковски, двете екипи во овој натпревар влегоа со офанзивна игра и атакуваа кон голот на противникот. Екипата на Џонсон Мети го отвори резултатот во втората минута преку погодокот на Бране Стојановски, екипата на С.Ц. Борис Трајковски во 5та минута преку брз контра напад успеа да израмни со погодокот на Љубомир Стојановски. Во остатокот од полувремето двете екипи продолжија со израмнета игра екипата на Џонсон Мети доаѓаше до водство, а С.Ц. Борис Трајковски израмнуваше се до финишот на полувремето во кој екипата на С.Ц. Борис Трајковски дојде до целосен пресврт и на паузата замина со предност од 3-4. Во второто полувреме екипите се менуваа во водството и бевме сведоци на вистински дерби натпревар со одлични погодоци на двете страни. Кај екипата на С.Ц. Борис Трајковски проработе Љубомир Стојановски кој со шест погодоци ја водеше својата екипа до победа од 7-9