Џонснсон Мети и Шпаркасе Банка ги поделија бодовите

Џонсон Мети 1-1(0-0) Шпаркасе Банка

Џонсон Мети: Никола Николовски 37’
Шпаркасе Банка: Филип Чижбановски 34’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Џонсон Мети и Шпаркасе Банка со целосен акцент на играта во одбраната. Во првата половина од полувремето двете екипи имаа по неколку одлични шанси за погодок но голманите беа на висина на задачата па мрежите мируваа. Во финишот од полувремето двете екипи имаа по една одлична шанса за погодок но немаа среќа во реализацијата па на полувремето се замина со 0-0. Во второто полувреме се продолжи со неизвесна игра се до финишот на натпреварот кога екипата на Шпаркасе Банка со погодок на Чижбановски во 34та минута успеаа да дојдат до водство од 0-1. И кога мислеа дека се е решено екипата на Џонсон Мети со погодок на Николовски во 37та минута успеаа да дојдат до израмнување на 1-1 и да го направат финишот на натпреварот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа да реализира па натпреварот заврши со резултат од 1-1.