Џонсон Мети со пресврт дојде до победа над Уни Банка

Уни Банка 4-5(2-1) Џонсон Мети

Уни Банка: Ивица Орозовски 25’ Ненад Саздовски 3’ 9’ 27’
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 21’ Благојче Божиновски 11’ 25’ 28’ Христијан Стојановски 33’

Одличен старт за екипата на Уни Банка во дуелот против Џонсон Мети со погодокот на Саздовски во 3та минута. Овој рано постигнат погодок за Уни Банка им даде дополнителен мотив да тргнат уште поагресивно кон голот на Џонсон Мети што им донесе нов погодок во 9та минута за водство од 2-0. По ова екипата на Џонсон Мети започна со агресивна игра и вршеше притисок со цел да фати резултатски приклучок што им успеа со голот на Божиновски во 11та минута. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка успеа да ја сочува предноста од 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок за израмнување, по овој израмнувачи погодок се продолжи со жестока борба во која поуспешна беше екипата на Џонсон Мети која успеа да направи целосен резултатски пресврт и да го добие овој натпревар со 4-5.