Џонсон Мети со рутинирана игра до победа над ЕЛЕМ

Џонсон Мети 13-7(6-1) ЕЛЕМ

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 1’ 24’ Христијан Стојановски 23’ 26’ Даниел Стојановски 16’ 30’ Бојан Дејановски 12’ 22’ 35’ Благоја Божиновски 2’ 4’ Бобан Ристовски 20’ Александар Недев 33’
ЕЛЕМ: Ристо Стефковски 23’ 31’ Златко Станковски 25’ Горан Николовски 20’ 26’ 37’ Ивица Апостоловски 40’

Екипата на Џонсон Мети одлично го започна дуелот против екипата на ЕЛЕМ, по само неколку минути се стекнаа со солидно водство од 3-0. Екипата на ЕЛЕМ по оваа негатива се префрли на противничко поле и вршеше притисок кон голот на Џонсон Мети како би фатила резултатски приклучок, но екипата на Џонсон Мети со одлична игра во фаза на напад и одбрана не остави простор за игра на екипата на ЕЛЕМ и го доби ова полувреме со резултат од 6-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ се обиде со и со промена на тактика и со честа ротација на играчи да фати резултатски приклучок но денеска екипата на Џонсон Мети одлично ги затвори приодите кон својот гол и со рутинирана игра до самиот крај извојува победа од 13-7.