Џојсон Сејфти Системс го котролираше резултатот и славеше над ЕВН

Џојсон Сејфти Системс 6-2(3-0) ЕВН

Џојсон Сејфти Системс: Жика Стојкоски 24’ 39’ Борче Аргилоски 3’ 38’ Вецко Вренцоски 1’ 20’
ЕВН: Бојан Симоновски 25’ Наум Бадаловски 33’

Шеснаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Џојсон Сејфти Системс, екипата на Џојсон Сејфти Системс со експресен гол во првите 30 секунди успеа да дојде до предност од 1-0. По ова рано водство на екипата на ЕВН имаше одлична шанса за израмнување на резултатот но не успеа па Џојсон Сејфти Системс казни на другата страна за водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на ЕВН се обидуваше да дојде до резултатски приклучок но Џојсон Сејфти Системс го имаше расположениот Вренцоски кој до паузата успеа да го зголеми водството на својата екипа на 3-0. Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс ја имаше котролата врз топката а екипата на ЕВН преку брзи контра напади се обидуваше да ја намали резултатската негатива што им успеа кон средината на полувремето дојдоа на само два гола негатива на 4-2 преку погодоците на Симоновски и Бадаловски. Во финишот од натпреварот екипата на ЕВН како последен обид во игра внесе голман играч но екипата на Џојсон Сејфти Системс го издржа пртисокот и го доби овој натпревар со 6-2.