Џојсон Сејфти Системс со одлично второ полувреме до победа над ЈСП

Џојсон Сејфти Системс 4-3(1-2) ЈСП

Џојсон Сејфти Ситемс: Аргиловски 12’ 22’ Јонузи 35’ Стојковски 40’
ЈСП: Фидановски 13’ 16’ 34’

Во првото полувреме двете екипи прикажаа жестока борба на секоја педа од теренот во рамките на фер плејот, првиот дел од полувремето одмина без многу шанси за погодок беидејќи и двете екипи беа доста претпазливи и ставија фокус на својата одбрана. Како одминуваше времето се засили темпото на игра што и донесе погодок на екипата на Џојсон Сејфти Системс во 12та минута. Следуваше брз одговор на екипата на ЈСП преку одличниот Фидановски со двата погодоци во 12та и 16та минута за целосен пресврт резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на вториот дел Аргиловски стрелаше за повторно израмнување на 2-2. Во останатиот дел од полувремето и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра, во 34та минута ЈСП повторно дојде до водство од 2-3. Сепак последните минути од натпреварот и припаднаа на екипата на Џојсон Сејфти системс која успеа да направи целосен пресврт и да го добие натпреварот со 4-3.