Осврт на четвртото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во четвртото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 10 натпревари
Сите одиграни натпревари поминаа во знакот на фер плеј игра
Видно се забележува дека сите екипи влегуваат во посакуваната форма со што можат да го дадат својот максимум на теренот

ЕВН беа убедливи во дуелот со Спорт Лајф
Спорт Лајф 0-9(0-2) ЕВН

Шпаркасе Банка со колективна игра дојде до победа над ЈП Дрисла
ЈП Дрисла 4-11(1-5) Шпаркасе Банка

Фидановски го водеше ЈСП до победа над ЈП Водовод
ЈП Водовод 4-6(3-2) ЈСП

Лукоил со одлично второ полувреме дојде до победа над С.Ц. Борис Трајковски
С.Ц. Борис Трајковски 5-8(3-3) Лукоил

Николовски во второто полувреме и донесе победа на Фабрика Карпош – ГИМ над Џонсон Мети
Џонсон Мети 3-5(1-1) Фабрика Карпош – ГИМ

Во неизвесна завршница ЕЛЕМ беа подобри од Ван Хоол
ЕЛЕМ 6-4(4-1) Ван Хоол

Гранит со пресврт во финишот дојде до победа над Уни Банка
Гранит 8-3(1-2) Уни Банка

Дуото Алексаовски – Мемети го водеше Темато до победа над А1
А1 6-10(3-4) ТЕМАТО

Во дерби натпревар Матрикс и Рамстор ги поделија бодовите
Матрикс 2-2(1-1) Рамстор

Џојсон Сејфти Системс фуриозно преку Вренцовски дојде до победа над Пивара Скопје
Пивара Скопје 3-16(3-7) Џојсон Сејфти Системс

WP Data Tables

Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Венцо Вренцовски (Џојсон Сејфти Системс) 8 гола
– Тихо Фидановски (ЈСП) 4 гола
– Мартин Фотевски (Гранит) 3 гола
– Игор Каланоски (Шпаркасе Банка) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Тихо Груевски (ЕЛЕМ), Игор Николовски (Фабрика Карпош – ГИМ), Јордан Ќирковиќ (Уни Банка), Дарко Стоилевски (ЕВН), Љубомир Стојановски (С.Ц.Б.Т.), Анѓелчо Арсов (Лукоил)

Екипа на колото: ЕЛЕМ
Тренер на колото: Кире Атанасовски (Гранит)
Голман на колото: Енис Мурселов (Рамстор)