Осврт на првото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во првото коло од оваа сезона од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 13 натпревари

Аџибадем Систина ја отвори сезоната со победа над Пекабеско

Десетата сезона на Бизнис Лигата на Македонија ја отворија екипите на Аџибадем Систина и Пекабеско, во овој натпревар секипата на Аџибадем Систина одлично стартуваше па со погодоци во трета и четврта минута се стегна со предност од 2-0. Екипата на Пекабеско како одминуваше времето успеа да ги консолидира своите редови и во 8та минута со два погодоци успеа да дојде до израмнување на 2-2. Сепак до крајот на полувремето екипата на Систина имаше повеќе од играта и успеа да постигне уште два нови погодоци за преднос од 4-2 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Систина успеа да постигне уште еден погодок и да го зголеми водството од полувремето, на ова одговори екипата на Пекабеско со погодок за намалување на негативата. ДО крајот на натпреварот екипата на Аџибадем Систина ја контролираше играта и успеа да ја однесе победата во овој натпревар со резултат од 12-3

Стрелци на головите беа:
Аџибадем Систина: Далибор Дамјановиќ 3’ 4’ 22’ 39’ Златко Бошковски 9’ 23’ Влатко Кузманов 10’ 40’ Кристијан Димковски 21’ 31’ 37’ Ивица Петровски 34’
Пекабеско: Александар Спасовски 8’ Сухамед Бачко 8’ Бојан Александровски 22’

Рамстор со сигурна игра дојде до победа над ЕЛЕМ

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Рамстор и ЕЛЕМ, прва до водство дојде екипата на Рамстор во погодокот на Бекир во 7та минута. Веќе во наредната минута екипата на Рамстор успеа да реализира одличен контра напад за водство од 2-0. Екипата на ЕЛЕМ по оваа негатива направи неколку промени во формацијата и со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Рамстор рутинирано го приведе полувремето до крај за овдство од 2-0. На стартот од вториот дел екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да го зголеми водството, неколку минути подоцна постигна уште еден погодок за високи 4-0. Екипата на ЕЛЕМ со голот на Бокан во 26та минута успеа да го намали високото водство на 4-1. Сепак до крајот на натпреварот екипата на Рамстор беше посилен противник и успеа да го добие овој натпревар со високи 10-4.

Стрелци на головите беа:
Рамстор: Енгин Мемеди 8’ 22’ 26’ 29’ 34’ Ибрахим Бекир 7’ 36’ Алтај Иметовски 39’ Фуркан Муртезан 24’ Хурјет Шаќири 32’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 39’ Александар Бокан 26’ Сељвет Реџепи 36’ 38’

ЕВН со одлично второ полувреме дојде до победа над МЕПСО

Првиот дел од натпреварот помеѓу МЕПСО и ЕВН и припадна на екипата на ЕВН која со погодоци во 3та и 15та минута се стекна со водство од 2-0. Екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на ЕВН одлично ја постави својата игра во одбраната и успеваше да одолее се до последната минута од полувремето кога екипата на МЕПСО успеа да постигне два погодоци и да го израмни резултатот на 2-2. На стартот на вториот дел екипата на ЕВН со голот на Мандаров успеа повторно да го превземе водството, а неколку минути подоцна и да го зголеми водството. До крајот на натпреварот екипата на ЕВН беше подобар противник па успеа да го добие натпреварот со 4-9.

Стрелци на головите беа:
МЕПСО: Александар Боцевски 20’ 40′ Далибор Христов 20’ 34’
ЕВН: Вилијам Митев 30’ Виктор Валканчев 15’ Илија Мандаров 21’ Наумче Бадаловски 3’ 24’ Ајет Новобрдарија 32’ Бојан Тодоровски 38’ Бојан Маџовски 39′ Дејан Китановски 40′

WP Data Tables

Во израмнет натпревар ФК на глуви СЛОБОДА и Аптив ги поделија бодовите

Израмнето прво полувреме одиграа ФК на глуви СЛОБОДА и Аптив, прва до водство дојде екипата на Слобода во 2та минута со голот на Стојковски. Следната минута екипата на Аптив со голот на Стаматовски израмни на 1-1. По овие воведни минути се продолжи со висок ритам на игра, со многу шанси за погодок и на двете страни, па екипата на Слобода во 5та минута со голот на Алими успеа да го превземе водството на 2-1. Екипата на Аптив на ова водство одговори со погодок во 8та минута и израмнувањер на резултатот на 2-2. Како одминуваше времето и се очекуваше на полувреме да се замине со 2-2, во последната минута од полувремето екипата на Слобода успеа да постигне погодок и на полувреме да замине со предност од 3-2. Второто полувреме донесе исто така интересен фудбал, со одлични акции и атрактивни потези на двете страни. Екипата на Аптив го засили темпото на игра што и донесе израмнување во 26та минута од натпреварот, а неколку минути подоцна ваквата игра и донесе и целосен резултатски пресврт. До крајот на натпреварот и двете екипи има свои одлични периоди на игра, па на крајот се заврши со реми и поделба на бодовите.

Стрелци на головите беа:
ФК на глуви СЛОБОДА: Самир Чеховиќ 35’ Сатула Алими 35’ Јасин Алими 5’ 20’ 39’ Мартин Стојковски 2’
Аптив: Наумоски Љупчо 8’ 26’ 28’ Стаматовски Кире 3’ 37’ 38’

Деко Марков со гол во последната секунда и донесе победа на екипата на Тиквеш над Окта

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Тиквеш и Окта, екипата на Окта одлично го отвори овој натпревар и со погодок во 7та минута успеа да го превземе водството на 0-1. По оваа негатива екипата на Тиквеш успеа да ги консолидира своите редови што резултираше со погодок во 9та минута и израмнување на резултатот. До крајот на полувремето екипата на Тиквеш имаше повеќе од играта што и донесе водство на полувремето од 2-1. На стартот од второто полувреме екипата на Тиквеш успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-1, но следуваше брз одговор од екипата на Окта која со два погодоци во 24та минута успеа да дојде до израмнување. До крајот на натпреварот се играше егал гол за гол и кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши реми кај Тиквеш проработе Деко Марков кој со гол во последните секунди и донесе победа на екипата на Тиквеш.

Стрелци на головите беа:
Тиквеш: Стефан Ѓалевски 17’ 30’ Деко Марков 9’ 40’ Филип Велјановски 23’ 37’
Окта: Драганче Стојановски 36’ Александар Јовчевски 24’ Драганчо Ѓорѓиевски 7’ Јасмин Личина 24’ 37’

Џојсон Сејфти Системс го доби дебитанското дерби со Водовод

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Водовод Скопје и Џојсон Сејфти Системс, ова полувреме во целост и пирпадна на Џојсон Сејфти Системс кои со погодок уште во раната фаза поточно во 7та минута успеаа да се стекнат со водство од 0-1. Екипата на Водовод со честа ротација на играчи се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Џојсон Сејфти Системс со одлично поставена игра во одбраната ја сочува својата мрежа мирна, а во 15та минута постигна и втор погодок за водство од 0-2 на полувреме. Во вториот дел на екипата на Водовод не и преостана ништо освен да тргне во целосна офанзива, таквата игра и донесе резултат во 23та минута за намалување на резултатот на 1-2. Екипата на Водовод по овој погодок продолжи со офазивна игра, но заборави на својата одбрана што екипата на Џојсон Сејфти Системс знаеше да го искористи за на крајот да го добие овој натпревар со 1-5.

Стрелци на головите беа:
Водовод: Арслан Бејта 23’
Џојсон Мети Системс: Стефче Велковски 15’ Живко Стојкоски 7’ 38’ Борче Аргиловски 27’ 40’

WP Data Tables

Шампионот Матрикс беше сигурен во првиот дуел со ЈСП

Прво полувреме во пеколен ритам одиграа екипите на Матрикс и ЈСП, првиот дел од полувремето и припадна на екипата на Матрикс која до 14та минута успеа да постигне 3 погодоци за високо водство од 3-0. Екипата на ЈСП не се откажуваше лесно од овој натпревар па тргна пожестоко кон голот на екипата на Матрикс и во последните минути од полувремето успеа да постигне два погодоци и да го намали водството на 3-2 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Матрикс успеа да постигне два погодоци и повторно да се стекне со солидно водство од 5-2. По ова екипата на ЈСП со чести ротации на играчи и промена на тактика се обидуваше да фати резултатки приклучок но екипата на Матрикс со одлична игра во фаза на напад и одбрана успеа да го добие овој натпревар со резултат од 7-3.

Стрелци на головите беа:
Матрикс: Петре Даиловски 9’ 14’ 37’ Драган Брњарчевски 25’ 39’ Мирко Богески 6’ 23’
ЈСП: Велко Серафимовски 37’ Сабит Хусеини 17’ Златко Галамарев 20’

Гранит беше убедлив во дуелот со Уника

Првиод дел од полувремето во дуелот помеѓу Гранит и Уника помина во мирен ритам без многу шанси за погодок и на двете страни. Како одминуваше времето екипата на Гранит ја превзеде иницијативата и тргна жестоко кон голот на Уника што им донесе водство од 1-0 во 12та минута. Екипата на Уника успеа да создаде неколку шанси за израмнување но не успеа во таа намера што екипата на Гранит го казни со уште два погодоци до крајот на полувремето и водство од 3-0. На стартот на второто полувреме екипата на Гранит успеа да постигне три брзи погодоци и да се стекне со водство од 6-0. Екипата на Уника и покрај сите обиди да фати резултатски приклучок не успеа да ја пронајде својата игра и го загуби овој натпревар со 8-4.

Стрелци на головите беа:
Гранит: Дарко Петров 27’ Дарко Аралампиевски 20’ Пепи Мицев 12’ 23’ Николче Глигуровски 17’ 21’ 24’ 40’
Уника: Васко Кокаланов 28’ Тимотеј Нешовски 27’ 37’ Томислав Јовановиќ 26’

Во неизвесна завршница Еуро Табак дојде до победа над Сава Осигурување

Прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Еуро Табак и Сава Осигурување, воведните минути од дуелот и припаднаа на екипата на Сава Осигурување која успеа да постигне погодок во 5та минута и да го отвори резултатот на 0-1. По оваа негатива екипата на Еуро Табак започна со силен притисок кон голот на Сава Осигурување што им донесе резултат во 13та минута и израмнување на 1-1. Овој погодок им даде дополнителен мотив на екипата на Еуро Табак која со уште посигурна игра до крајот на полувремето успеа да постигне уште два погодоци за резултат од 3-1 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и да се доближи на гол негатива. Следуваше брз одговор во 27та минута кога екипата на Еуро Табак успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 4-2. Сепак екипата на Сава Осигурување не се откажуваше лесно од овој натпревар и направи уште еден силен притисок кон голот на Еуро Табак со што успеа повторно да дојде на гол негатива и да ја направи завршницата неизвесна. Еуро Табак не дозволи целосен пресврт па ја однесе победата со финален резултат од 5-4.

Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Никола Зафировски 15’ Дејан Младеновски 13’ 18’ 34’ Дејан Јанкоски 27’
Сава Осигурување: Коста Глигуровски 37’ 38’ Трајче Илиевски 5’ 25’

Фабрика Карпош – ГИМ со сигурна игра дојде до победа над А1

Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош во дуелот со А1, Александар Божиков со два погодоци во 6та и 8ма минута и донесе солидна предност од 0-2. Екипата на А1 како да беше во шок од оваа негатива па екипата на Фабрика Карпош – ГИМ искористи уште едно невнимание во нивната одбрана за во 10та минута да се стекне со водство од 0-3. Екипата на А1 преку Тодоровски во 13та минута успеа да го намали водството на 1-3, но следуваше брз одговор со евро-голот на Божиков кој во 13та минута успеа повторно да донесе водство од 1-4 за Фабрика Карпош – ГИМ. До крајот на полувремето екипата на А1 со вториот погодокот на Тодоровски успеа да намали на 2-4 резултат со кој се замина на паузата. На стартот од вториот дел екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 2-5. До крајот на натпреварот екипата на А1 со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот, но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше целосна контрола врз играта и резултатот и на крај го доби овој натпревар со високи 4-12.

Стрелци на головите беа:
А1: Мартин Тодоровски 13’ 17’ 40’ Мартин Ташкоски 33’
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 32’ Александар Божиков 6’ 8’ 29’ Кристијан Панев 21’ 25’ 30’ 39’ 39’ Лазе Божиновски 13’ Филип Илиевски 10’ 31’

Џонсон Мети го издржа притисокот и триумфираше над Македонски Телеком

Екипата на Џонсон Мети одлично го отвори дуелот против екипата на Македонски Телеком, тие со рано водство уште во втората минута го изненадија противникот, а веќе до 8та минута се стекнаа со високо водство од 0-3. Екипата на Македноски Телеком во ова полувреме не успеваше да ја пронајде својата препознатлива игра па екипата на Џонсон Мети го доби ова полувреме со резултат од 1-5. Во второто полувреме видовме една нова екипа на Телеком која започна со многу поагресивна игра и преку расположениот за игра Лазаревски успеа да фати резултатски приклучок и да се доближи до два гола негатива. Сепак екипата на Џонсон Мети доста умешно ги одработи последните минути од натпреварот и не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со резултат од 4-7.

Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Михајло Лазаевски 18’ 28’ 30’ 33’
Џонсон Мети :Александар Недев 2’ Бојан Дејановски 5’ 8’ Благојче Божиновски 13’ Љупче Стојановски 12’ Стефан Јовановски 23’Бобан Ристов

Ван Хоол со одлично второ полувреме дојде до победа над ТАВ

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Ван Хоол, прва до водство дојде екипата на ТАВ со погодокот на Насковски во 2та минута. Следуваше брз одговор на екипата на Ван Хоол со голот на Велчовски за израмнување на резултатот. По овие воведни погодоци следуваше вистинска бркотница на теренот со многу шанси за погодок и на двете страни, екипата на Ван Хоол имаше шанса преку пенал во 14та минута да дојде до водство но голманот на ТАВ успеа да го сочува својот гол. До крајот на полувремето екипата на Ван Хоол искористи грешка во одбраната на ТАВ па на полувремето замина со предност од 1-2. Во второто полувреме видовме една нова слика кај екипата на Ван Хоол која со многу посигурна игра во фаза на одбрана и напад успеваше да ја контролира играта а со тоа дојде и резултатот. Ова второ полувреме голманот Петровски со два одлични погодоци ја осигура победата на Ван Хоол со резултат од 1-4.

Стрелци на головите беа:
ТАВ: Тодорче Наковски 2’
Ван Хоол: Антонио Петровски 26’ 31’ Филип Белчовски 3’ 20’

Лукоил ја стартуваше новата сезона со победа над Уни Банка

Интересно првополувреме одиграа екипите на Лукоил и Уни Банка екипата на Лукоил уште од самиот старт ја превзема иницијативата и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на противникот што резултираше со водство од 1-0 во 5та минута. По оваа негатива екипата на Уни Банка го подигна темпото на игра па успеа да креира неколку шанси за израмнување но имаше слаба реализација што Лукоил го казни со погодок во 16та минута и водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на Лукоил успеа да искористи грешка во одбраната на Уни Банка па на полувремето замина со солидна предност од 3-0. На стартот од второто полувреме екипата на Уни Банка преку Орозовски пропушти изгледна шанса за погодок како би фатиле резултатски приклучок. Екипата на Лукоил ја имаше топката во посед и со долги напади го успори темпото на игра. Екипата на Уни Банка во 28та минута успеа да постигне погодок за намалување на резултатот на 3-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на Лукоил не дозволи изненадување, успеа да реализира и да го добие овој натпревар со 4-2.

Стрелци на головите беа:
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 5’ Гоце Мојсоски 16’ 35’ Владимир Секуловски 19’
Уни Банка: Ивица Орозовски 28’ Методиј Христовски 40’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Кристијан Панев (Фабрика Карпош – ГИМ) 5 гола
– Николче Глигуровски (Гранит) 4 гола
– Дејан Младеновски (Еуро Табак) 3 гола
– Петре Даиловски (Матрикс) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

Драган Брњарчевски (Матрикс), Александар Боќиков (Фабрика Карпош – ГИМ), Мирко Богески (Матрикс), Михајло Лазаревски (Македонски Телеком), Бојан Дејановски (Џонсон Мети), Стефан Ѓалевски (Тиквеш), Борче Аргиловски (Џојсон Сејфти Системс), Гоце Мојсоски (Лукоил)

Екипа на колото: Матрикс
Тренер на колото: Јован Младеновиќ (Матрикс)
Голман на колото: Антонио Петровски (Ван Хоол)