A1 во драматична завршница до победа над Сава Осигурување

А1 5-4(2-3) Сава Осигурување

А1: Мартин Ангеловски 11’ 19’ Анџело Лазаревски 21’ Јовица Наумовски 40’ Бојан Волчевски 35’
Сава Осигурување: Решат Рахмани 14’ Јане Петровски 37’ Бобан Мицевски 7’ 13’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на А1 и Сава Осигурување, двете екипи во овој дуел влегоа со силна желба за победа. Екипата на Сава Осигурување го отвори резултатот погодокот на Мицевски во 7та минута од полувремето, екипата на А1 имаше брз одговор преку Ангеловски за израмнување на 1-1. По овие воведни погодоци екипата на Сава Осигурување започна со нешто поофанзивна игра што им донесе резултат и со вториот погодок на Мицевски и еден на Рахмани дојде до предност од 1-3. Екипата на А1 се обидуваше да дојде до израмнување но Сава Осигурвање ја сочува својата предност па на полувремето замина со позитива од 2-3. Во второто полувреме екипата на А1 успеа да го израмни резултатот и да ја врати неизвесноста во овој дуел. Двете екипи со уште по еден погодок дојдоа до резултат од 4-4 што го направи финишот на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на А1 успеа да Наумовски да дојде до гол предност и да слави со 5-4.