A1 со одлична игра до победа над Спорт Лајф

A1 16-2(6-0) Спорт Лајф

А1: Мартин Ангеловски 4’ 5’ 9’ 17’ 23’ 37’40’40’ Анџело Лазаревски 22’ 37’ Бојан Ристевски 14’ 33’ 35’ Бојан Волчевски 8’ 28’ 31’
Спорт Лајф: Валерија Ваљак 32’ Ерсан Ајвазовски 25’

А1 во дуелот со Спорт Лајф влезе максимално мотивирано со добро поставен напад во кој со одлични проигрувања доаѓаше до играч плус кој му овозможуваше да има одлични шанси за гол. Во првото полувреме екипата на А1 стекна одлична предност и полувремето го заврши со високи 6-0. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам кај екипата на Спорт Лајф беше воочлив играчот помалку во ротација и кратката клупа. Со вака скратен ростер Спорт Лајф не можеше да го издржи високиот ритам кој го наметна екипата на А1 и која на крајот славеше со 16-2.