Bestway Solutions во својот деби натпревар славеше над Спорт Лајф

Bestway Solutions 8-0(3-0) Спорт Лајф

Bestway Solutions: Петар Стефановски 13’ Дамјан Темелкоски 33’ Марко Неделковски 6’ 31’ 40’ Ненад Стојкоски 12’ 32’ 39’

Во последниот натпревар од ова коло силите ги одмерија дебитантите во Бизнис Лигата Bestway Solutions и екипата на Спорт Лајф. Во првото полувреме екиптана на Bestway Solutions играше мошне мотивирано и течно во нападот со одлично изработени шанси за гол. Екипата на Спорт Лајф настапи со изменет состав од минатата година па со чести измени од клупата се обидуваше да фати вистински ритам но се чини дека невоиграноста го направи своето па на полувремето Bestway Solutions отиде со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Спорт Лајф се обидуваше да ја најде вистинската формација со чести замени, но тоа не им поаѓаше од рака. Bestway Solutions пак имаше добро поставена игра што на крајот вроди со плод и им донесе победа од 8-0.