Bestway Solutions одлична завршница до сигурна победа над УНИКА

УНИКА 4-9(3-3) Bestway Solutions

УНИКА: Љуљзим Каштањева 15’ Шамаб Чупи 13’ 24’ Енес Ариф 5’
Bestway Solutions: Марко Неделковски 2’ 14’ 24’ 36’ 37’ Филип Зоксимовски 30’ Андреј Ацевски 12’ Дамјан Алексовски 36’ 40’

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на УНИКА и Bestway Solutions, двете екипи во овој натпревар влегоа со отворена и офанзивна игра. Прва натпреварот го отвори екипата на Bestway S. со погодокот на Неделковски во 2та минута, екипата на УНИКА за кратко ја врати резултатската неизвесност со погодокот на Енес во 5та минута. Екипата на Bestway цело време ја предводеше играта но УНИКА во ниту еден момент не дозволи противникот резултатски да се одвои од тука и израмнетиот резултат од 3-3 на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со иста динамика екипата на Bestway S. доаѓаше до погодок предност па УНИКА ја топеше разликата. Во финишот од полувремето екипата на Bestway Solutions го подигна темпото на игра и за прв пад во овој дуел дојде до два погодоци предност, екипата на УНИКА се обиде офанзвина игра резултатски да се врати во натпреварот но отоврената игра и грешките во одбраната ги искористи Bestway S. за осигурување на победата во овој дуел со резултат од 9-4.