Bestway Solutions со одлично прво полувреме до победа над Пивара Скопје

Bestway Solutions 7-1(4-1) Пивара Скопје

Bestway Solutions : Ненад Стојковски 36’ Васко Ефтимовски 35’ Марко Неделковски 3’ 4’ 14’ Филип Зоксимовски 2’ Глигор Биљарски 37’
Пивара Скопје: Александар Алексовски 18’

Екипата на Bestway Solutions одлично го започна натпреварот против екипата на Пивара Скопје, тие овој натпревар го започнаа со високо темпо на игра и акцент ставен на нападот. Екипата на Пивара Скопје имаше пропусти во одбраната во раната фаза од полувремето што Bestway Solutions го искористи за да стекне солинда предност од 0-3. Екипата на Пивара Скопје успеа да постигне гол во првото полувреме но Bestway Solutions продолжи со одличната игра и до полувремето имаше сигурна предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на Пивара Скопје на теренот покажа одлична игра, тие притисна во предно поле и со одлични шанси се закануваа кон противничкиот гол но кај екипата на Пивара изостануваше добра завршница. Екипата на Bestway Solutions одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи екипата на Пивара резултатски да се доближи па на крајот славеше со 7-1.