Bestway Solutions со срце на терен до победа над Фабрика Карпош – ГИМ

Bestway Solutions 7-4(2-3) Фабрика Карпош – ГИМ

Bestway Solutions: Филип Јаневски 38’ Марко Неделковски 33’ 34’ Филип Зоксимовски 18’ Андреј Ацевски 25’ 37’ Дамјан Алексовски 6’
Фабрика Карпош – ГИМ: Бојан Голабовски 15’ Игор Николовски 12’ 20’ 35’

Екипите на Bestway Solutions и Фабрика Карпош – ГИМ играа крајно неизвесен натпревар со наизменично менување на водството и на двете страни. Екипата на Bestway Solutions прва дојде до водство преку Алексовски во 6та минута, по што следеше одлична офанзива на Фабрика Карпош – ГИМ која успеа да направи пресврт со головите на Николовски во 12та и Голабовски во 15та минута со што го превзеде водството на 1-2, но Зоксимовски од Bestway Solutions во 18та минута успеа да израмни на 2-2. Во ваквиот неизвесен натпревар екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во самиот финиш преку вториот гол на Николовски замина на полувремето со предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на Bestway Solutions направи притисок во предно поле и успеа да наметне висок ритам на игра. Ваквата игра вроди со плод во втората половина од полувремето кога Неделковски со голови во 33та и 34та минута и донесе водство на својата екипа Bestway Solutions од 5-4 со што се влезе во неизвесна завршница. Во ваквата завршница Ацевски и Јаневски од екипата на Bestway Solutions со погодоци во самата завршница успеаа да стават точка на и, и да и донесат победа на својата екипа од 7-4