DHL со сигурна игра до победа над Спорт Лајф

Спорт Лајф 2-5(1-4) DHL

Спорт Лајф: Стефан Пасковски 30’ Филип Гигов 20’
DHL: Далибор Дамјановиќ 3’ 15’ Драган Златановски 16’ Александар Трајков 12’ Вања Груевски 35’

Одличен почеток за екипата на DHL во дуелот со Спорт Лајф, тие уште на самиот старт од овој натпревар влегоа со офанзивна игра. Ваквата игра им донесе резултат уште во раната фаза со погодокот Дамјановиќ во 3та минута, ова и даде дополнителем мотив на екипата на DHL да продолжи со одлична игра. Екипата на Спорт Лајф иако имаше неколку одлични шанси не успеваше да ја пронајде мрежата на противникот. До крајот на полувремето екипата на DHL со сигурна игра продолжи да го зголемува водството кое до завршницата на полувремето беше 0-4. Во самата завршница екипата на Спорт Лајф успеа да ја ублажи разликата па на полувремето се замина со резултат од 1-4 во корист на DHL. Во второто полувреме иста слика екипата на Спорт Лајф прикажуваше одлична игра но имаше слаба реализација, од другата страна пак екипата на DHL преку брзи контра напади и одлична реализација. До крајот на натпреварот екипата на DHL ја одржуваше предноста па на крајот славеше со 2-5.