Еуро Табак со пресврт до победа над Окта

Еуро Табак 7-2(1-1) Окта

Еуро Табак: Дејан Младеновски 18’ 31’ 33’ Дејан Филиповски 21’ 33’ Дејан Јанковски 36’ Никола зафировски 39’
Окта: Александар Јовчевски 1’ Живко Котевски 40’

Натпреварот помеѓу екипите на Еуро Табак и Окта одлично го отвори екипата на Окта со голот на Јовчевски уште во првата минута. По ова рано водство на екипата на Окта, екипата на Еуро Табак се префрли на противничко поле и со постојан притисок со игра голман играч се обидуваше да дојда до израмнување на резултатот. Екипата на Окта успеваше да одолее на овој притисок се до м18та минута кога попушти концентрацијата во одбраната и екипата на Еуро Табак успеа да израмни на 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Еуро Табак успеа да постигне погодок и да направи целосен пресврт. По овој пресврт падна целата концепција на екипата на Окта и по ова следуваше вистинска канонада кон нивниот гол екипата на Еуро Табак успеа да извојува висока победа од 7-2.