LC Waikiki со целосен пресврт до победа на Окта

LC Waikiki 4-3(0-1) Окта

LC Waikiki: Мустафа Мустафа 34”, Џемаил Рамадани 29”, Фуркан Фетаи 31”, Метин Рамадани 38”
Окта: Иван Димитриевски 19”, Бојан Станковиќ 34, Владислав Илиќ 36

Дуелот помеѓу екипите на LC Waikiki и Окта започна со мошне смирено темпо. И двете екипи калкулираа во делот на нападот, но воедно и ефикасно ги затвараа приодите кон сопствениот гол. Предните линии реализираа подавања со медицинска прецизност и остваруваа акции вредни за пофалба, но секој по сериозен обид кон голот беше спречен од страна на голманите кои денес беа на ниво на задачата. Во ваквата игра, прва до погодок дојде екипата на Окта во доцната 19” преку голманот Димитриевски за предност од 0-1, резултат со кој се замина на полувремето.
Уште од самиот старт на второто полувреме, очигледно е дека динамиката на натпреварот видно се промени. И двете екипи го префрлија својот фокуз кон агресивната игра во нападот отварајќи ги притоа задните линии и приодот кон сопствените голови. Во ваквата игра прва до гол за израмнуивање стигна екипата на LC Waikiki во 24” преку Мустафа. На него му се пркиклучија и соиграчите Џ. Рамадани 29” и Фетаи 31” за пресврт и водство на LC Waikiki од 3-1. На ова возврати екипата на Окта преку дуото Станковиќ –Илиќ 34”-36” за израмнување 3-3. Во завршните моменти од натпреварот, среќата се наклони кон Џ. Рамадани кој ја затресе мрежата на Окта за пресврт и победа на LC Waikiki од 4-3.