LC Waikiki со пресврт до победа над Окта

Окта 1-2(1-1) LC Waikiki

Окта: Мартин Мијалковски 13’
LC Waikiki: Фуркан Фетаи 20’ Амар Адеми 33’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Окта и LC Waikiki, двете екипи во овој натпревар влегоа со силно темпо на игра и на теренот прикажаа отворен фудбал со многу шанси. Екипата на Окта прва го отвори резултатот кога искористи играч повеќе на теренот и со погодокот на Мијалковски поведе со 1-0, по ова водство екипата на LC Waikiki се префрли на противничката половина и вршеше константен притисок кон голот на Окта. Екипата на Окта успеваше да ги издржи нападите на LC Waikiki се до самиот финиш на полувремето кога LC Waikiki преку Фетаи успеа да израмни на 1-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврст фудбал двете екипи имаа одлични шанси за реализација но и голманите вечерва беа на ниво на задачата. Екипата на LC Waikiki во 33та минута од полувремето успеа да реализира преку Адемин и да направи целосен пресврт во натпреварот. Екипата на Окта во финишот од натпреварот се обидуваше да дојде до повторно израмнување но LC Waikiki го издржа притисокот и на крајот славеше со 1-2.