LC Waikiki во финишот до победа над Маркарт

Маркарт 3-5(1-1) LC Waikiki

Маркарт: Пеце Стојанов 20’ 26’ 33’
LC Waikiki: Иљаз 10’ Фуркан Фетаи 22’ Армин Дрпљнин 38’ Џенгис Ахмед 39 Алоја Перхај 40’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Маркарт и LC Waikiki помина мирно без многу шанси за гол, двете екипи беа претпазливи и повеќе внимаваа на својот гол. Во средината на полувремето екипата на LC Waikiki успеа да изведе еден одличен контра напад и да го претвори во гол за водство од 1-0. По примениот погодок екипата на Маркарт тргна пожестоко кон противничкиот гол, екипата на LC Waikiki успеваше да одолее на овој притисок се до последната минута од полувремето кога играчот на Маркарт, Стојанов, успеа да изведе одличен соло напд со одлична завршница и 1-1 на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи го подигнаа темпото на игра и се започна со нешто поагресивна игра, екипата на LC Waikiki во 22та минута успеа да постигне погодок за водство од 1-2. Но денес екипата на Маркарт во своите редови го имаше денеска расположениот Стојанов кој по само неколку минути успеа да постигне два погодоци и да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на натпреварот екипата на LC Waikiki вршеше силен притисок со цел да дојде до израмнување во што и успеа во 38та минута, а во 39та и 40та минута успеа да реализира за победа.

Крај 3-5.