Макпетрол во второто полувреме дојде до победата над Маркарт

Маркарт 2-5(1-1) Макпетрол

Маркарт: Тоше Трајковски 19′ 34′
Макпетрол: Ибраим Исмаили 15′ Мишо Ѓорѓиоски 23′ 35′ 37′ 40′

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу екипите на Маркарт и Макпетрол мина во мирен ритам без многу шанси за погодок и на двете страни. Како одминуваше времето двете екипи го засилуваа темпото на игра и започна вистинска борба по теренот. Кон средината на полувремето екипата на Макпетрол успеа да организира контра напад за водство од 0-1. Како одминуваше времето попушти концентрацијата во одбраната на Макпетрол, па екипата на Маркарт успеа да искористи едно невнимание во 19та минута за израмнување и резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Макпетрол на самиот старт ја превзеде иницијативата и успеа да постигне погодок за водство од 1-2. По оваа негатива екипата на Маркарт фрли се на една карта и тргна во нападот по израмнување, но во таквата отворена игра остави многу празнини во одбраната што екипата на Макпетрол знаепше да ги искористи за победа од 2-5.