Нафташкото дерби му припадна на Лукоил

Лукоил 6-3(2-1) Окта

Лукоил: Љупќо Апостоловски 12′ Владимир Секуловски 20′ Дејан Зиков 26′ Мартин Алаѓозовски 25′ 40′ Станојче Коцев 34′
Окта: Живко Котевски 10′ Едни Скендеровиќ 27′ Душан Богосављев 36′

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Окта, екипата на Окта прикажа одлична игра и во 10та минута со одличниот погодок на Котевски успеа да го отвори резултатот. Екипата на Лукоил некоку минути подоцна поточно во 12та минута преку Апостоловски успеа да израмни за 1-1. До крајот на полувремето екипата на Окта успеа да створи неколку шанси за погодок но имаше слаба реализација, а тоа го казни екипата на Лукоил која буквално во последните секунди од полувремето преку Секуловски реализара за водство од 2-1. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со притисок кон голот на Окта и во 26та минута успеа да го зголеми водството на 4-1. Екипата на Окта по оваа серија на Лукоил ја стегна својата одбрана и преку брзи контри се обидуваше да се врати во натпреварот во 27та минута Окта успеа да ја намали разликата на 4-2. До крајот на полувремето екипата на Лукоил ја имаше контролата врз играта и резултатот и го доби овој натпревар со 6-3.