Осврт на шестото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Бојан Дејановски (Џонсон Мети) (најдобар петти играч)

Allround играчи на шестото коло: Денис Петров (Гранит), Дениз Салкович (Алкалоид), Данило Апостолски (Сава Осигурување), Тоше Трајковски (Маркарт), Марко Магденовски (Македонски Телеком)

Еуро Табак (екипа на шестото коло)

….
Во рамките на шетото коло видовме натпревари полни со неизвесност, пресврти и многу голови

Во првиот натпревар од шестото коло силите ги одмерија екипите на Окта и Фабрика Карпош
Првата фаза од полувремето и припадна на Фабрика Карпош која уште на самиот старт вршеше силен притисок кон голот на Окта што резултираше со водство од 0-2 во 4та минута. По оваа негатива екипата на Окта се префрли на противничко поле вршејќи притисок да фати резултатски приклучок, но во таквата отворена игра остави многу простор во одбраната тоа го казни екипата на Фабрика карпош во 15та минута со уште еден погодок и водство од 0-3. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да го зголеми водството на 0-4. Во второто полувреме екипата на Окта тргна во целосна офанзива со промена на тактиката во фаза на напад играјќи со голман играч што и делумно вроди со плод и во 36та минута успеаа да се доближат на гол негатива и да ги направат последните минути од натпреварот неизвесни. Сепак екипата на Фабрика Карпош успеа да се одбрани од силниот притисок од екипата на Окта и да го добие натпреварот со резултат од 3-4.

Стрелци на головите беа:
Окта: Живко Котевски 29′ Александар Јовчевски 33′ Един Скендеровиќ 36′
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 4′ Александар Божиков 3′ Георги Божиков 15′ Слвачо Мирчевски 18′

Сава Осигурување беше убедлива во дуелот со Пекабеско
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурување и Пекабеско, уште на самиот се редеа шанси и на двете страни. Екипата на Сава Осигурување беше таа која ја превзема почетната иницијатива и имаше повеќе шанси, но имаа слаба реализација. Екипата на Пекабеско во 9та минута успеа да реализира одличен контра напад за водство од 0-1. По ова следуваше мирен период на игра, но во 16та минута Глигуровски со одличен погодок успеа да и донесе израмнување на екипата на Сава Осигурување. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување успеа да направи целосен пресврт па на паузата се замина со резултат 3-1. Во второто полувреме екипата на Пекабеско направи неколку промени во тимот и се обидуваше да фати резултатски приклучок но не успеа да најде против игра за денес расположената екипа на Сава Осигурување која имаше целосна контрола врз играта и која го доби овој натпревар со убедливи 8-1.

Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Андерј Китановски 19′ 36′ Трајче Илиевски 37′ Стефан Димитровски 34′ Коста Глигуровски 16′ 19′ Данило Апостолски 27′ 38′
Пекабексо: Мартин Здравевски 9′

Шампионот Лукоил на колена пред Еуро Табак
Екипата на Еуро Табак одлично го отвори дуелот против екипата на Лукоил, со одличен погодок преку Јанковски во 5та минута. По ова екипата на Лукоил ја превзеде иницијативата и створи неколку одлични шанси за погодок, во 10та минута со одличниот погодок на својот голман Цветковски успеа да го израмни резултатот. Екипата на Еуро Табак веќе во следниот напад успеа да реализира еден контра напад за водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше повеќе од играта и вршеше силен притисок кон голот на Еуро Табак, но екипата на Еуро Табак одлично ја имаше поставено својата игра во одбраната и успеа да ја сочува својата мрежа мирна и да замине на полувремето со предност од 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Лукоил успеа да постигне погодок за израмнување, но екипата на Еуро Табак имаше брз одговор и веќе во истата минута успеа повторно да ја врати резултатската предност. Екипата на Лукоил со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но вредно е да се напомене дека екипата на Еуро Табак на својот гол го имаше расположениот Поповски кој имаше одлични интервенции и и донесе победа на својата екипа со резултат од 4-2.

Стрелци на головите беа:
Еуро Табак:Никола Зафировски 11′ 23′ Дејан Јанковски 5′ 29′
Лукоил: Маријан Цветковски 10′ Љупчо Апостоловски 23′

Рамстор се врати во старата форма и стигна до победа над С.Ц. Борис Трајковски
Динамично прво полувреме одиграа екипите на СЦ. Борис Трајковски и Рамстор, се водеше жестока борба за секоја педа од теренот во рамките на фер плејот. Екипата на Рамстор беше таа која ја превзеде почетната иницијатива и успеа уште во 3та минута да го превземе водството. По оваа негатива екипата на С.Ц. Борис Трајковски започна да врши притисок кон противничкиот гол и успеа да створи неколку одлични шанси за погодок но имаше слаба реализација што знаеше да го казни екипата на Рамстор за високи 0-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски направи неколку промени во тимот, се обиде и со промена на тактиката внесувајќи голман играч но екипата на Рамстор одлично ја имаше поставено својата игра во одбраната и одолеваше притисокот од страна на С.Ц. Борис Трајковски. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор ја контролираше играта и резултатот и убедливо го доби овој натпревар со 2-8.

Стрелци на головите беа:
С.Ц. Борис Трајковски: Горан Андоновски 33′ Јован Димовски 37′
Рамстор: Енис Мурселов 3′ Ибрахим Бекир 13′ Фуркан Муртезан 8′ Ведат Арслан 38′ Арјан Цами 23′ Зоран Алексовски 19′ Владимир Боцевски 26′ 27′

Макпетрол во второто полувреме дојде до победата над Маркарт
Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу екипите на Маркарт и Макпетрол мина во мирен ритам без многу шанси за погодок и на двете страни. Како одминуваше времето двете екипи го засилуваа темпото на игра и започна вистинска борба по теренот. Кон средината на полувремето екипата на Макпетрол успеа да организира контра напад за водство од 0-1. Како одминуваше времето попушти концентрацијата во одбраната на Макпетрол, па екипата на Маркарт успеа да искористи едно невнимание во 19та минута за израмнување и резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Макпетрол на самиот старт ја превзеде иницијативата и успеа да постигне погодок за водство од 1-2. По оваа негатива екипата на Маркарт фрли се на една карта и тргна во нападот по израмнување, но во таквата отворена игра остави многу празнини во одбраната што екипата на Макпетрол знаеше да ги искористи за победа од 2-5.

Стрелци на головите беа:
Маркарт: Тоше Трајковски 19′ 34′
Макпетрол: Ибраим Исмаили 15′ Мишо Ѓорѓиоски 23′ 35′ 37′ 40′

Во електричното дерби ЕВН беа поуспешни од МЕПСО
Уште на самиот старт двете екипи започнаа со офанзивна игра што резултираше со два погодоци во раната фаза. Прва до водство дојде екипата на ЕВН во 8та минута преку Бадаловски, неколку минути подоцна МЕПСО одговори преку Јакимовски за 1-1. До крајот на полувремето екипата на ЕВН успеа реализира за водство од 2-1 со кои се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на ЕВН одлично ја постави својата игра и преку контра напади од минута во минута го зголемуваше своето водство за конечна победа од високи 7-2.

Стрелци на головите беа:
ЕВН: Вилијам Митев 22′ Виктор Валканчев 17′ 24′ 38′ 39′ Наумче Балдаковски 5′ 30′
МЕПСО: Александар Јакимовски 8′ 32′

ЈСП не дозволи изненадување во дуелот со Искрател Груп
Првото полувреме од дуелот помеѓу ЈСП и Искрател Груп и припадна на екипата на ЈСП, тие уште на самиот старт ја превземаа иницијативата и вршеа притисок кон голот на Искрател Груп. Уште во раната фаза од натпреварот екипата на ЈСП се текна со солидно водство од 3-0, екипата на Искрател Груп и покрај негативата не се откажуваше од овој натпревар па во финишот од полувремето успеа да постигне два погодоци и резултатски да се врати во натпреварот. На полувремето се замина со резултат од 3-2. На стартот од второто полувреме екипата на ЈСП започна со силен пресинг што резултираше со погодок и зголемување на водството. Екипата на Искрател Груп се обидуваше со чести ротации на играчите да го намали водството и да се врати повторно во игра, но екипата на ЈСП имаше целосна контрола врз играта и резултатот и успешно го приврши овој натпревар во своја корист со 8-3

Стрелци на головите беа:
ЈСП: Дејан Блажевски 2′ Маријан Србиновски 28′ Даниел Антовски 4′ 6′ 21′ 32′ Сашо Георгиев 37′ 39′
Искрател Груп: Роберто Гавриловски 16′ 40′ Љупчо Јанакиевски 19′

Во голеада Алкалоид беше подобар од Гранит
Ефикасно прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Алкалоид и Гранит, екипата на Алкалоид уште на стартот се префрли на противничкото поле и вршеше силен притисок кој и донесе рано водство од 2-0 во 5та минута. Екипата на Гранит по ова водство направи неколку промени и успеа да постигне погодок и фати резултатски приклучок. Сепак екипата на Алкалоид со одлична игра до крајот на полувремето успеваше да ја казни екипата на Гранит за на полувремето да замине со предност од високи 8-4. Во второто полувреме екипата на Гранит направи промена на тактиката и со голман играч во фаза на напад се обидуваше да го намали водството на Алкалоид од полувремето, во таквата отворена игра заборави на својата одбрана а екипата на Алкалоид вешто ги искористи тие пропусти и на крајот славеше со 14-10.

Стрелци на головите беа:
Алкалоид: Оливер Христовски 3′ 5′ 21′ 24′ Стефан Димовски 17′ Сунај Казми 32′ Даниел Митич 20′ 34′ Дениз Салковиќ 11′ 15′ 31′ Николче Дамјановски 10′ Кристијан Арсовски 25′ Бобан Митевски 18′
Гранит: Стефан Тевдовски 7′ 14′ 33′ 37′ Дарко Петров 31′ 34′ Дарко Стојановски 23′ 40′ Пепи Мицев 16′ 19′

Македонски Телеком преку контри дојде до победа над L.C. Waikiki
На стартот од првото полувреме во дуелот помеѓу Македонски Телеком и L.C. Waikiki, екипата на Телеком наметна високо темпо на игра со многу борба на секоја педа од теренот. Екипата на Телеком ја наметна својата препознатлива игра со многу комбинаторика и воиграни акции што резултираше со водство во 9та минута. Екипата на L.C. Waikiki по оваа негатива направи неколку промени во играчкиот кадар и тргна во офанзива по израмнување на резултатот, што им успеа при крајот на полувремето во 17та минута. И кога се очекуваше судискиот свиреж во 20та минута екипата на Телеком реализираше преку Насковски за 2-1 и водство на полувреме. Во второто полувреме екипата на L.C. Waikiki фрли се на една карта тргнувајќи во целосна офанзива по резултатско израмнување, таквата отворена игра беше ризик по својот гол што екипата на Телеком знаеше да го казни преку контра напади. На крајот екипата на телеком го доби овој натпревар со високи 8-3

Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 30′ Роберт Попоски 38′ Стефан Наскоски 20′ Гоце Филипов 21′ 24′ Марко Магденовски 9′ 27′ 32′
L.C. Waikiki: Фуркан Фетаи 17′ 24′ Алојз Перхај 40′

Аџибадем Систина во дуелот со ЕЛЕМ ја продолжи победничката серија
Првата фаза од дуелот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и Аџибадем Систина и припадна на екипата на Систина која уште на самиот старт изврши силен притисок кон голот на ЕЛЕМ што резултираше со водство од 0-3 до 12та минута. Екипата на ЕЛЕМ направи неколку промени на играчите и промена на тактика па во финишот на полувремето успеа да постигне два погодоци и да фати резултатски приклучок. На полувремето се замина со резултат од 2-3. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра, со отворен фудбал и многу шанси за гол. Екипата на Систина во 29та минута успеа да постигне погодок и да го зголеми водството, но екипата на ЕЛЕМ не се откажуваше лесно од овој натпревар и за неколку минути успеа да постигне два погодоци со што фати резултатски приклучок и ја направи завршницата неизвесна. Во таквиот финиш поумешна беше екипата на Систина која го доби овој натпревар со 4-7.

Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Павле Маџовски 19′ 34′ Ивица Апостоловски 17′ 38′
Аџибадем Систина: Горан Манов 8′ Игор Ѓорѓиевски 34′ 36′ Кристијан Димковски 29′ Никола Малјановски 39′ Мирослав Неделковски 10′ Никола Трајковски 12′

Џонсон Мети со контролирана игра дојде до победа над Уни Банка
Првата фаза од дуелот помеѓу Уни Банка и Џонсон Мети помина во мирно темпо, играта се одвиваше на средината од теренот од каде и двете екипи со удари од далечина се обидуваа да сторат нешто повеќе. Како одминуваше времето екипата на Џонсон Мети ја започна својата препознатлива игра и вршеше силен притисок кон голот на Уни Банка што резултираше со два погодоци едно по друго во 12та и 14та минута. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Џонсон Мети одлично ја постави својата одбрана, не дозволи изненадување и го доби ова полувреме со 1-2. На стартот од второто полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок и да го зголеми водството. Екипата на Уни Банка направи промена и се обиде со голман играч да направи вишок во нападот како би фатиле резултатски приклучок но екипата на Џонсон Мети имаше целосна контрола и со добро поставена игра успеа мирно да го приведе натпреварот до сигурна завршница со резултат од 1-5.

Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Александар Кузинаков 20′
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 14′ Бојан Дејановски 12′ 21′ 33′ Христијан Стојановски 32′

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Оливер Христовски (Алкалоид) 4 гола
– Даниел Антовски (ЈСП) 4 гола
– Виктор Валканчев (ЕВН) 4 гола
– Мишо Ѓоргиевски (Макпетрол) 4 гола
– Бојан Дејановски (Џонсон Мети) 3 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа: Денис Петров (Гранит), Дениз Салкович (Алкалоид), Данило Апостолски (Сава Осигурување), Тоше Трајковски (Маркарт), Марко Магденовски (Македонски Телеком)

Екипа на колото: Еуро Табак
Тренер на колото: Благоја Милошевски (Алкалоид)
Голман на колото: Филип Поповски (Еуро Табак)