С.Ц.Борис Трајковски го сочува водството во дуелот со Пекабеско

Пекабеско 1-3(0-1) С.Ц. Борис Трајковски

Пекабеско: Ѓоре Бочваров 30′
С.Ц. Борис Трајковски: Јован Димовски 37′ Симон Јагодиќ 7′ 36′

Израмнето полувреме без многу голови одиграа екипите на Пекабеско и С.Ц. Борис Трајковски, Екипата на С.Ц. Борис Трајковски уште на самиот старт ја превзема иницијативата и имаше повеќе од играта што резултираше со водство од 0-1 во 7та минута. По оваа негатива екипата на Пекабеско со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, тие успеаа да створат неколку шанси но имаа слаба реализација. До крајот на полувремето екипата на С.Ц. Борис Трајковски умешно го чуваше рано стекнатото водство и на полувремето се замина со резултат од 0-1. Во второто полувреме екипата на Пекабеско се префрли во противничко поле вршејќи притисок со цел да дојде до израмнување, тоа им успеа негде кон средината на полувремето што го направи остатокот од натпреварот неизвесен. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски во финишот од натпреварот успеа да постигне два погодоци и да направи солидна предност од 1-3. До крајот на натпреварот Пекабеско фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива но екипата на С.Ц. Борис Трајковски умешно го сочува водството до крајот на натпреварот за победа од 1-3.