Во натпревар полн со пресврти Матпетрол поуспешен од Сава Осигурување

Сава Осигурување 6-10(5-4) Макпетрол

Сава Осигурување: Ивица Минов 2’ 19’ 20’ 23’ Коста Глигуровски 7’ Андреј Китановски 14’
Макпетрол: Марко Костенцовски 3’ 39’ 40’ Бенер Бакиоски 6’ 14’ Мишо Ѓоргиевски 15’ Благоја Лолески 24’ Александар Мишоски 25’35’ 39’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурување и Макпетрол, со одлична игра и на двете екипи кои наизменично го менуваа водството во текот на целото полувреме. Прва го отвори резултатот екипата на Сава Осигурување во 2та минута преку одличен погодок на МИнов, минута подоцна одговор од страна на екипата на Макпетрол преку Костенцовски за израмнување. Во ваквата игра гол за гол во првото полувреме поуспешна беше екипата на Сава Осигурување која на паузата замина со предност од 5-4. На стартот на второто полувреме екипата на Макпетрол направи неколку промени во играчкиот кадар и изврши притисок кон противничкиот гол што им донесе израмнување на 6-6 во 25та минута. По ова израмнување екипите повеќе се фокусираа на одбраната, играта се одвиваше на средината на теренот а играчите се обидуваа со удари од далечина да го изненадат противничкиот голман. Екипата на Макпетрол во финишот од натпреварот успеа да искористи неколку кикса во одбраната на Сава Осигурување и да го добие овој натпревар со резултат од 6-10.