Аптив со гол во последната минута до победа над Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 4-5(1-2) Аптив

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 9’ 35’ Далибор Дамјановиќ 34’ Мирослав Неделковски 24’
Аптив: Алксандар Марковски 40’ Љупчо Наумовски 15’ Кире Стаматовски 3’ 30’ 38’

Екипата на Аптив со рано водство уште во 3та минута го отвори натпреварот со екипата на Аџибадем Систина, по оваа негатива екипата на Систина започна со поагресивна игра во фаза на одбрана и напад што вроди со плод со погодокот на Димковски во 9та минута за изранување на резултатот на 1-1. Екипата на Аптив во 15та минута преку Наумоски успеа да реализира за повторно да го превземе водството на 1-2. Во последната минута од полувремето екипата на Аџибадем Систина успеа да пропушти одлична шанса за израмнување па на полувремето се замина со 1-2 во корист на Аптив. На стартот од второто полувреме екипата на Систина вршеше притисок кон голот на Аптив што и донесе погодок во 24та минута за израмнување на резултатот на 2-2. Во останатиот дел од натпреварот и двете екипи игра крајно израмнето гол за гол. Во ваквата игра екипата на Аптив беше поснаодлива и со гол во последната минута од натпреварот успеа да ги однесе бодовите. Крај 4-5