Браќата Стојановски jа предводеа екипата на Џонсон Мети до победа над ФК на глуви Слобода

Џонсон Мети 6-2(2-1) ФК на глуви Слобода

Џонсон Мети: Љупче Стојановски 6’ Христијан Стојановски 17’ 34’ Виктор Јовановски 23’ 40’ Даниел Стојановски 40’
ФК на глуви Слобода: Самис Чеховиќ 2’ Стефан Ѓиков 40’

Одличен старт за екипата на ФК на глуви Слобода во дуелот со Џонсон Мети, тие со брз старт успеаа да дојдат до водство уште во 2та минута од полувремето. По овој рано постигнат погодок екипата на Џонсон Мети се префрли на противничката половина и за само 4минути во 6та минута го израмнија резултатот на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети успеа да искористи грешка во одбраната на Слобода па на паузата замина со предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети продолжи со високот темпо на игра и уште во 23та минута го зголеми водството на 3-1. До крајот на натпреварот екипата на ФК на глуви Слобода се обидуваше да дојде до намалуваше на резултатот што ги остави ранливи во одбраната што Џонсон Мети вешто го изкористи за победа од 6-1.