Велковски со хет-трик го водеше Џојсон Сејфти Системс до победа над Пекабеско

Пекабеско – Џојсон Сејфти Системс (0:3)2:6

Пекабеско : Александар Арсич 30’ Aлвин Бачко 31’

Џојсон Сејфти Системс: Марко Димовски 4’17’ Стефче Велковски 19’39’40’
Јован Манакоски 22’

Првото полувреме од дуелот помеѓу Пекабеско и Џојсон Сејфти Системс во целост и припадна на екипата на Џојсон Сејфти Системс која со погодок во 4та минута го отвори резултатот за водство од 0-1.Во преостанатиот дел од полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс играше цврста одбрана и не остави простор за игра на екипата на Пекабеско што резултираше со водство на полувреме од 0-3.Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс продолжи во ист ритам со високо темпо на игра,екипата на Пекабеско во неколку наврати се обиде да фати резултатски приклучок но не успеа во таа намера па го загуби овој натпревар со високи 2-6.