Вип преку контра напади до победа над С.Ц. Борис Трајковски

С.Ц. Борис Трајковски 3-6(1-4) Вип

С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 13′ 27′ Дарко филимановски 30′
Вип: Мартин Ангеловски 20′ 26′ Мартин Тодоровски 15′ Иле Никодиновски 9′ Никола Спасевски 10′ 25′

Првата фаза од дуелот помеѓу С.Ц. Борис Трајковски и Вип и припадна на екипата на Вип која со погодоците на Спасевски и Никодиновски успеа во 10та минута да дојде до водство од 0-2. Неколку минути подоцна екипата на С.Ц. Борис Трајковски со одличен погодок на својот голман Костов успеа да го намали водството на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Вип имаше целосна контрола врз играта и резултатот па полувремето го доби со 1-4. Во второто полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски се префрли на противничко поле и вршеше силен пристисок со цел да дојде до израмнување, таквата офанзивна игра остави многу празнини во одбраната па екипата на Вип преку контра напади успеваше да ги казни. На крајот екипата на Вип славеше со резултат од 3-6