Вип со одлична игра дојде до победа над Уника

Уника 5-8(3-4) Вип

Уника: Арбен Нухиу 20’ Бенјамин Граинца 21’ Даниел Стојковски 19’ 40’ Кренар Сума 14’

Вип:Ненад Богдановиќ 23’ Мартин Ангеловски 18’ Мартин Тодоровски 7’ 8’ 10’ 31’ 36“ Иле Никодиновски 32’ Одлично прво полувреме за екипата на Вип во дуелот против Уника, уште на самиот старт екипата на Вип наметна високо темпо на игра и успеа да стввори неколку шанси за погодок, па успеа да реализира во 7та и 8та и 10та минута преку Тодоровски за водство од 3-0. Екипата на Уника по оваа негатива започна со поагресивна игра па успеа до крајот на полувремето да дојде до само гол негатива 3-4 резултат со кој се замина на паузата. На стартот на второто полувреме екипата на Уника преку евро голот на Граинца успеа да дојде до израмнување на резултатот на 4-4. По ова изедначување екипата на Вип прикажа игра на едно повисоко ниво и за брзо створи разлика која екипата на Уника не можеше да ја стигне, па на истекот на времето Вип имаше предност од 5-8