Во драматична завршница Еуро Табак поуспешни од Македонски Телеком

Македонски Телеком 5-9(1-5) Еуро Табак

Македонски Телеком: Агрон Пацоли 30’ Петре Велигденов 28’ Михајло Лазаревски 31’ Стефан Насковски 12’ Даниел Анчевски 33’

Еуро Табак: Никола Зафировски 34’ Дејан Јанковски 3’ Дејан Младеновски 10’ Мартин Ливрински 9’ 13’ 19’ 36’ 40’ 40′

Екипата на Еуро Табак одлично го отвори натпреварот со Македонски Телеком, па веќе во 10та минута имаше комотно вдоство од 0-3. По оваа почетна фаза и негатива екипата на Телеком беше приморана да започне со агресивна игра вршејќи жесток притисок кон голот на Еуро Табак со цел да дојде до погодок и намалување на водството што им успеа во 12та минута со погодокот на Насковски и намалување на негативата на 1-3. До крајот на полувремето екипата на Телеком продолжи со агресивна игра, но екипата на Еуро Табак прикажа одлична игра во одбраната а преку контра напади успеа да го зголеми водството на 1-5. Во второто полувреме ја видовме  екипата на Телеком во ново светло, со секоја акција успеваше да ја топи разликата која Еуро Табак ја имаше до полувремето па во 33та минута успеаа да дојдат до израмнување 5-5 што го направи финишот од натпреварот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Еуро Табак имаше повеќе од играта па го доби овој натпревар со 5-9.