Во натпревар полн со пресврт екипата на Аџибадем Систина поуспешни од Вип

Вип 5-6(4-3) Аџибадем Систина

Вип: Ненад Богдановиќ 18’ Мартин Ангеловски 10’ Иле Никодиновски 4’ 28’ Вако Дојчинов 15’

Аџибадем Систина: Александар Јаневски 31’ Далибор Дамјановиќ 16’ 34’ Игор Ѓорѓиевски 26’ Кристијан Димковски 2’ 17’

Екипата на Аџибадем Ситина одлично го отвори дуелот со Вип, со погодок во 2та минута и водство од 0-1. По овој рано постигнат погодок екипата на Вип започна со офанзивна игра, па во во 4та минута успеа да реализира за 1-1. Овој погодок и даде дополнителен мотив на екипата на Вип која до средината на полувремето успеа да постигне уште два погодоци да направи целосен резултатски пресврт и да дојде до вдство 3-1. Екипата на Систина не се откажуваше лесно од овој натпревар и со погодоците во 16та и 17та минута успеа да дојде до само гол негатива и резултат од 4-3 резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Систина започна со поагресивна игра што во 26та минута и донесе израмнување, сепак во 28та минута екипата на Вип успеа да искористи кикс во одбраната на Систина и повторно да го превземе водството на 5-4. Сепак до крајот на натпреварот екипата на Систина се префрли на противничко поле и со константен притисок кон голот на Вип успеа да израмни а кратко потоа и да дојде до предност од 5-6 со која го доби овој натпревар.