Во неизвесна завршница Гранит поуспешни од Фабрика Карпош – ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 2-3(2-0) Гранит

Фабрика Карпош – ГИМ: Ѓорги Божиков 1’ Филип Илиевски 20’
Гранит: Дарко Петров 27’ Ристе Бошев 31’ Николче Глигуровски 40’

Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со екипата на Гранит, Ѓорги Божиков со погодок во правата минута и донесе предност на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ. По оваа негатива екипата на Гранит се префрли на противничко поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување. Екипата на Фабрика Карпош одлично ја постави својата одбрана и не остави многу простор за игра на екипата на Гранит, а преку контра-напади успеваше да внесе немир во противничката екипа. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да постигне уште еден погодок за водство од 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Гранит започна со агресивна игра која вроди со плод од 27та минута до 31та минута тие успеаа да постигнат два погодоци и да ја стопат негативата од полувремето. По ова израмнување последните минути од натпреварот беа вистинска бркотница по теренот во која поуспешна беше екипата на Гранит која во последната минута преку Глигуровски успеа да го добие овој натпревар со 2-3